Столтенберг: Мора да одговориме на економскиот, политичкиот и на воениот подем на Кина

пред 3 години

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Западниот сојуз мора да одговори на економскиот, политичкиот и воениот подем на Кина. Според него, последната најава од самитот на НАТО ќе ја зацементира новата стратегија кон Пекинг.

„ Кина ни се приближува. Ги гледаме во сајбер просторот, ја гледаме Кина во Африка, но исто така ја гледаме Кина како многу инвестира во нашата клучна инфраструктура”, изјави Столтенберг пред новинарите во седиштето на НАТО, пред доаѓањето на лидерите на самитот.

„ Знаеме дека Кина не ги споделува нашите вредности. Ние мора да одговориме заедно како сојуз”, рече Столтенберг и додаде дека Кина „не е непријател или противник”.

Столтенберг рече дека односите меѓу Алијансата и Русија се влошуваат, но дека дијалогот ќе продолжи.

Генералниот секретар на НАТО додаде дека главна тема на самитот ќе биде Русија и претстојната средба на претседателите на САД и Русија, Џозеф Бајден и Владимир Путин.

Share
Scroll to Top