Столтенберг: Украина да одлучи колку територија е подготвена да жртвува за мир

пред 2 години

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека Алијансата предводена од САД има за цел да ја зајакне позицијата на Украина на преговарачката маса, но додаде дека секој мировен договор ќе вклучува компромиси, вклучително и територија.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Тоа го соопшти Столтенберг во Финска, по средбата со финскиот претседател Саули Нинист.

Додека шефот на НАТО рече дека Западот е подготвен да ја „плати цената“ за зајакнувањето на украинската армија, Киев ќе мора да направи одредени територијални отстапки на Москва за да се стави крај на сегашниот конфликт.

„Мирот е можен“, рече тој.

– Единственото прашање е која цена сте спремни да ја платите за мир? Колку територија, колку независност, колку суверенитет, дали сте спремни да се жртвувате за мир?

Генералниот секретар на НАТО не го поддржа директно предавањето на украинската територија, но го наведе примерот на Финска, која му ја отстапи Карелија на Советскиот Сојуз како дел од мировниот договор за време на Втората светска војна. Столтенберг го опиша финско-советското решение како „една од причините зошто Финска успеа да излезе од Втората светска војна како независна суверена нација“.

Изјавата на Столтенберг доаѓа во услови на растечко чувство дека Украина наскоро би можела да биде под притисок од западните поддржувачи на мировниот договор.

Додека американските и британските власти јавно инсистираат дека Украина „може да ја добие“ војната со Русија, неодамнешниот извештај на Си-Ен-Ен сугерира дека официјални лица во Вашингтон, Лондон и Брисел се состануваат без нивните украински колеги во обид да планираат прекин на огнот и мирно решение.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски исто така потврди дека неименуваните странски страни се обидуваат малку да не „турнат“ кон договор, додека јавноста во земјите што ја поддржуваат Украина е „уморна од војната“, пренесе Новости.

Share
Scroll to Top