Талибанците го повикуваат светот да ја признае владата во Кабул

пред 3 години

Вршителот на должноста премиер на Авганистан Мула Хасан Ахунд денеска го повика светот да ја признае владата во Кабул бидејќи се исполнети сите услови.

„Ги замолувам сите влади, особено исламските земји, да почнат да признаваат“, рече Ахунд на прес-конференција.

На прес-конференција на која присуствуваа претставници на Обединетите нации, Ахунд и други претставници на талибанската администрација апелираа за олеснување на монетарните ограничувања, обвинувајќи го замрзнувањето на средствата за растечката економска криза во земјата.

-Краткорочната помош не е решение; мора да се обидеме да најдеме начин суштински да ги решиме проблемите“, рече Ахунд.

Меѓународната заедница неодамна ја зголеми хуманитарната помош за Авганистан за да одговори на итните потреби, но се поголем број граѓани „се лизнаа“ во сиромаштија бидејќи земјата се соочува со финансиска криза и влошена економија.

Странските сили не сакаат да ги признаат Талибанците, кои ја презедоа контролата врз земјата во август минатата година, додека САД замрзнаа милијарди долари од банкарските фондови на Авганистан и го суспендираа финансирањето на развојот, што некогаш беше основа на авганистанската економија.

Share
Scroll to Top