Талибанците со предупредување до САД: Ако останете ќе има последици

пред 3 години

Талибанците денеска предупредија дека ќе има последици евентуалната одлука на САД за продолжување на рокот за повлекување на своите војници од Авганистан, кој истекува на 31 август.

Портпаролот на талибанците, Сухаил Шахин за „Скај њуз“ изјави дека продолжувањето на рокот за повлекување на американските војници ќе значи продолжување на окупацијата и додаде дека нема потреба од тоа.

Тој изјави дека доколку САД или Велика Британија побараат дополнително време за продолжување на евакуацијата, одговорот ќе биде не.

„ Тоа ќе создаде недоверба меѓу нас. Ако имаат намера да ја продолжат окупацијата, тоа ќе предизвика реакција”, рече Шахин.

Изјавата на талибанскиот претставник следеше по информацијата дека британскиот премиер Борис Џонсон ќе побара од претседателот на САД, Џозеф Бајден, да го продолжи рокот за заминување на американските војници од Авганистан, со цел да се овозможи евакуација на луѓе кои сакаат да ја напуштат таа земја.

Share
Scroll to Top