Талибанските власти во Авганистан се согласија да им дозволат на женските авганистански студенти да продолжат со високо образование во Пакистан, под услов нивните машки старатели да добијат визи за да ги придружуваат, според информациите објавени од официјални лица запознаени со договорот, дознава Гласот на Америка.
Соопштението доаѓа откако стотици авганистански студенти полагаа приемни испити за додипломски, постдипломски и докторски програми на пакистанските универзитети во саботата.
Официјални лица известија дека авганистанските бегалци кои живеат во Пакистан ги полагале испитите во центрите во градовите Пешавар и Квета, додека студентите во Авганистан ќе учествуваат онлајн во текот на следните неколку дена.
A significant turnout of Afghan students was witnessed at the fully funded Allama Iqbal Scholarship test centers in Peshawar and Quetta, demonstrating their enthusiasm for pursuing higher education in Pakistan. pic.twitter.com/CcMsxjQLWq
— Mohammad Sadiq (@AmbassadorSadiq) January 25, 2025
Мохамед Садик, пакистанскиот специјален пратеник за Авганистан, пред испитите објави дека речиси 21.000 авганистански кандидати, меѓу кои и повеќе од 5.000 жени, поднеле апликации за летниот академски семестар. Неговата канцеларија објави „значителен одѕив“ на авганистански студенти во центрите за тестирање во саботата, но точните бројки не беа објавени.
Комисијата за високо образование на Пакистан спроведува приемни испити за да избере до 2.000 авганистански студенти, а една третина од избраните кандидати се жени.
Пакистан ја изрази својата „длабока благодарност“ до владата во Кабул „за тоа што се согласи да им дозволи на успешните кандидати да го продолжат своето образование, под услов нивните старатели да добијат визи за да ги придружуваат“, рече владин претставник во Исламабад, кој зборуваше под услов за анонимност бидејќи тој не е овластен да зборува јавно на оваа тема.
Службеникот додаде дека ќе им бидат издадени визи на старателите за да можат да ги придружуваат студентките, во согласност со авганистанските закони, за да студираат во пакистанските институции. Талибанците веднаш не ги коментираа тврдењата на Пакистан дека ќе им дозволи на авганистанските девојки да го продолжат своето високо образование во соседната земја.
Текстот Талибанците ќе им дозволат на Авганистанките да студираат, но во Пакистан е превземен од МАКФАКС.






