Тенк прегази двајца војници во Полска: едниот загина, другиот во критична состојба

Тенк прегази двајца војници во Полска: едниот загина, другиот во критична состојба

пред 2 години

Еден полски војник загина, а друг беше тешко повреден кога борбено возило ги прегази на воен полигон во северозападна Полска.

Несреќата се случила во центарот за обука на копнените сили во Дравското Море, изјави мајорот Томаш Зигмунт од воената полиција, пренесува АП.

Тој изјави дека повредениот војник е префрлен во болница во критична состојба.

Официјални лица рекоа дека несреќата не е поврзана со вежбите на НАТО, што се одржуваат во Полска.

Текстот Тенк прегази двајца војници во Полска: едниот загина, другиот во критична состојба е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top