Трагедијата се случи синоќа во Ираклион, Крит, кога 20-месечно девојче се задави додека јадеше сувлаки.
Девојчето зело парче месо додека семејството вечерало. Детето се задавило и веднаш било однесено во болницата „Венизелио“.
Според информациите доставени до Cretalive од директорот на болницата, лекарите успеале да извадат парче сувлаки од неговите дишни патишта и вршеле кардиопулмонална реанимација повеќе од еден час, но не можеле да го одржат во живот, објавува „Прототема“.
Во истиот град во средата попладне се удави 11-годишно дете. Пливачите се обидуваа да му помогнат сè додека не пристигна брзата помош. Малото дете беше однесено во болница, но и покрај напорите на лекарите, почина.
Фото: принтскрин
Текстот Трагедија во Грција: бебе се задави со сувлаки – итно било префрлено во болница, но немало начин да се спаси е превземен од МАКФАКС.