Актуелниот американски претседател Доналд Трамп и се обрати на јавноста од Белата куќа.
„Сакам да ви дадам податоци за да го заштитите интегритетот на изборите. Ако ги броите легалните гласови, јас сигурно победувам. Ако ги броите нерегуларните, јас губам. Јас веќе победив со убедливо мнозинство”, рече Трамп.
„Освоив најголем број гласови од луѓе кои не се белци, црнци, Латиноамериканци повеќе од сите републиканци досега. Демократите се партија на големи медиуми, големи донатори. Ние сме партија на инклузија и мал човек”, посочува Трамп.
Тој вели дека предизборните анкети биле лага чија цел била републиканските гласачи да останат дома и да не одат на гласање.