Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека размислува за крај на војната против Иран, која трае десет дена, но оцени дека САД се „далеку пред планот“, пренесе Си-Би-Ес њуз.
На прашањето дали војната би можела наскоро да заврши, Трамп одговори потврдно, нагласувајќи дека тоа е неговата главна цел. „Далеку сме пред планот… Не знам, зависи. Размислувам за крајот на војната, јас и никој друг“, рече тој.
Во телефонско интервју, Трамп изјави дека според него конфликтот е „практично завршен“.
Трамп рече дека иранската војска е значително ослабена. „Немаат морнарица, немаат комуникации, немаат воздушни сили. Нивните ракети се сведени на остатоци“, изјави тој.
Американскиот претседател испрати и остра порака до Техеран.
„Испукаа сè што имаа. Подобро е да не се обидуваат со никакви трикови, бидејќи тоа ќе биде крај на таа земја. Ако направат нешто лошо, тоа ќе биде крај на Иран и повеќе нема да слушнете за тоа име“, рече Трамп.
Тој додаде дека САД размислуваат и за преземање на контролата врз Ормутскиот теснец.
Фото: ЕПА
Текстот Трамп: Ако Иран се обиде со трикови, тоа ќе им биде крајoт, повеќе нема да слушнете за Иран е превземен од МАКФАКС.






