Трамп: Голем дел од иранското раководство „исчезна“ во американските напади

Трамп: Голем дел од иранското раководство „исчезна“ во американските напади

пред 6 часа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „голем дел“ од иранското раководство „исчезна“ во американските напади и дека земјата е „многу оштетена“.

Во телефонско интервју за ABC News, Трамп рече: „Не знаеме сè, но знаеме дека многу од нив се исчезнати“. Тој додаде дека Соединетите Држави имаат „многу добра претстава“ за тоа кои ќе бидат новите лидери на Иран.

Во посебно интервју за NBC, кога беше прашан кој би можел да го наследи врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, Трамп одговори: „Не знам, но во еден момент ќе ме повикаат и ќе ме прашаат кого сакам“.

Сепак, тој веднаш појасни дека изјавата е саркастична. „Само сум малку саркастичен кога го кажувам тоа“, додаде тој.

Текстот Трамп: Голем дел од иранското раководство „исчезна“ во американските напади е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top