Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не очекувал да ја користи американската армија во таков степен, но оцени дека САД постигнуваат „исклучително добри резултати“ во војната со Иран.
Трамп истакна дека американските сили имаат значителен успех на терен, тврдејќи дека голем број ирански бродови биле уништени за краток временски период.
„Ние се справуваме исклучително добро. 58 бродови беа уништени за само два дена“, рече Трамп, додавајќи дека иранската морнарица имала квалитетни бродови, но „не знаеле како да ги користат“.
Тој, исто така, истакна дека не очекува таков обем на воена вклученост:
„Не мислев дека ќе ја користам армијата толку многу, но ми е мило што ја обновив“, рече Трамп.
Американскиот претседател, исто така, се осврна на претходните операции, вклучувајќи ги и активностите во Венецуела на почетокот на годината, нагласувајќи дека инвестициите во војската за време на неговиот претходен мандат сега дадоа резултати.
Текстот Трамп: „Не мислев дека ќе ја користам армијата толку многу, но ми е мило што ја обновив“ е превземен од МАКФАКС.






