Трамп: Ќе бидам среќен ако можеме да избегнеме бомбардирање на Иран

Трамп: Ќе бидам среќен ако можеме да избегнеме бомбардирање на Иран

пред 45 минути

Доналд Трамп изјави дека има „многу добри шанси“ САД да постигнат договор со Иран за да го спречат Техеран да се здобие со нуклеарно оружје, неколку часа откако изјави дека го одложил планираниот воен напад за да се овозможи продолжување на разговорите, објави Ројтерс.

Барање на сојузниците за одложување
Трамп изјави дека лидерите на клучните американски сојузници на Блискиот Исток го замолиле да го одложи воениот напад врз Иран планиран за вторник, за да можат да продолжат разговорите со Техеран, истовремено предупредувајќи дека САД остануваат подготвени да започнат голем напад доколку не се постигне договор.

Зборовите на Трамп за евентуален договор
„Се чини дека има многу добри шанси да смислат нешто. Ако можеме да го направиме тоа без да ги бомбардираме, би бил многу среќен“, им рече Трамп на новинарите.

Тој прецизираше дека барањето за прекин на воената операција дошло од лидерите на Катар, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

Претходните предупредувања на Трамп до Иран
Еден ден претходно, тој рече дека времето на Иран истекува и дека „подобро да дејствуваат брзо, во спротивно нема да остане ништо од нив“.

Техеран вчера посочи дека одговорил на новиот предлог на САД за прекин на војната на Блискиот Исток, која започна на 28 февруари со американско-израелскиот напад врз Иран. Од 8 април е на сила кревко примирје.

Но, според најновите извештаи, позициите на двете страни останале многу оддалечени, истакнува агенцијата Франс-прес.

Американски барања кон Иран
Според иранската новинска агенција Фарс, Вашингтон презентирал список од пет точки кои, меѓу другото, бараат од Иран да задржи само еден активен нуклеарен објект и да ги пренесе своите залихи од високо збогатен ураниум во САД.

Текстот Трамп: Ќе бидам среќен ако можеме да избегнеме бомбардирање на Иран е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top