Трамп ќе дозволи нуклеарниот договор со Русија да истече: „Ќе направиме подобар“

Трамп ќе дозволи нуклеарниот договор со Русија да истече: „Ќе направиме подобар“

пред 16 часа

Американскиот претседател Доналд Трамп навести дека ќе дозволи да истече последниот важечки договор за контрола на нуклеарно оружје со Русија и нема да ја прифати понудата на Москва доброволно да го продолжи, објави „Њујорк тајмс“.

Рускиот претседател Владимир Путин во септември предложи двете земји доброволно да ги задржат ограничувањата за распоредено стратешко нуклеарно оружје според договорот „Нов СТАРТ“, кој истекува на 5 февруари.

„Ако истече, истекува. Едноставно ќе склучиме подобар договор“, рече Трамп во интервју за „Њујорк тајмс“. Тој додаде дека Кина треба да биде вклучена во секој иден договор за контрола на нуклеарно оружје.

Портпаролите на руската и кинеската амбасада во Вашингтон не одговорија веднаш на барањата за коментар.

Текстот Трамп ќе дозволи нуклеарниот договор со Русија да истече: „Ќе направиме подобар“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top