Во Обединети Арапски Емирати ќе се одржи трилатерален состанок на украински, американски и руски претставници, што се смета за знак на интензивирање на мировните преговори за завршување на војната во Украина. Ова денеска го најави украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на говорот на Светски економски форум, додавајќи дека дводневниот состанок ќе се одржи во петок и сабота, пренесе Си-Ен-Ен.
Говорејќи подоцна пред новинарите, Зеленски откри дека украинската делегација ќе ја сочинуваат шефот и заменик-шефот на неговиот претседателски кабинет Кирило Буданов и Серхиј Кислиција, шефот на пратеничката група на партијата „Слуга на народот“ и преговарач Давид Арахамија, како и началникот на Генералштабот Андриј Хнатов.
„Побарав од Хнатов да долета од Киев; армијата мора да биде присутна“, рече Зеленски.
„Се наоѓаме во момент во кој, верувам, можеме да ја завршиме оваа војна ако сите страни работат сериозно. Но, ако некој си поигрува, војната ќе продолжи“, порача Зеленски.
Текстот Трилатерални разговори во Емиратите: Украина, Русија и САД на маса е превземен од МАКФАКС.






