По веста за смртта на познатата филмска и театарска актерка Мира Фурлан која почина на 65-годишна возраст, јавноста се потсетува на нејзината биографија во која има многу подеми и падови. За нејзиниот живот се пишуваше и се зборуваше многу во последните децении. Никогаш не го криеше фактот дека напуштањето на родната земја и на професијата во даден миг го гледаше како единствено решение за време на немирите што го зафатија регионот.
Патот до славата беше трнлив
Родена е во Загреб, а во 1991 година, Мира се пресели во Америка, каде започна целосно нов живот.
Сепак, на нејзиниот пат кон успехот му претходеа немили настани. Нејзината мајка починала од рак кога актерката имала само 16 години, што за неа било пресилен удар, поради специфичната врска што ја имале. Тие често се карале а Мира по смртта на мајка и ги напишала своите писма во кои се извинува.
Во 1986 година, Мира се сретнала со српскиот режисер Горан Гајиќ, со кого наскоро започнала врска. Бидејќи од љубов живеела на релација Белград-Загреб, хрватските медиуми ја обвинија дека се приклонува кон Србија во раните 90-ти и објавија текстови во кои ја нарекуваа предавничка.
Како ја освоил режисерот?
“Тој се искачи на јарболот на бродот што не однесе од Хвар до Вис. Гледајќи го како се држи до тој неописливо висок јарбол со една рака, сфатив дека тој е човек кој не се плаши. Конечно, си реков. Моите претходни средби со луѓето од спротивниот пол беа претежно средби со целосно преплашени мажи. Паничниот страв од жените е исто така извор на насилство врз жените што ја карактеризира оваа област. Овој страв и омразата што произлегува од тоа беа, исто така, според мене причина за линчувањето на моето детство во раните деведесетти “, изјавила Фурлан за медиумите.
Нејзиниот стан и бил одземен, работела како келнерка
Често посетувала психијатар, поради што била изложена и на јавни осуди. Откако ја отпуштиле од Хрватскиот народен театар, станот што го наследила од нејзината баба и бил одземен, а таа добивала по 50 смртни закани на ден.
Мира и Горан боле принудени да се преселат во Белград во 1991 година, од каде заминале во САД. Тие направиле сè таму за да преживеат. Горан работел како доставувач, асистент и уредник, а Мира како келнерка, продавачка и преведувач. Тие се заколнале на вечна љубов и добијле син кој го крстиле Марко Лав.
Во периодот од 2004 до 2008 година, таа глумела во американската серија „Изгубени“, која постигна планетарен успех, а беше и исклучително популарна во Србија.
Наскоро постигнала исклучителна репутација во Америка, а во 2014 година добила понуда да предава на филмската академија во Лос Анџелес, а потоа и на филмската академија во Њујорк.