Тројца загинати, над 50 повредени во пожар во болница во Хамбург

Тројца загинати, над 50 повредени во пожар во болница во Хамбург

пред 2 дена

Три лица загинаа во пожарот што избувна синоќа во болницата „Мариенкранкенхаус“ во Хамбург, објавија германските медиуми.

Пожарот избувнал кратко пред полноќ. Повеќе од 50 лица беа повредени, од кои двајца со повреди опасни по живот. Меѓу повредените нема деца. Огнот беше изгаснат рано утрово, а спасувачката акција беше завршена.

Според портпаролот, пожарот избувнал на приземјето од клиниката, во оддел специјализиран за нега на постари пациенти.

Според противпожарната служба, една болничка соба била целосно зафатена од пожар.

Пламените јазици се прошириле на првиот кат, но густ чад имало на сите четири ката од болницата.

Текстот Тројца загинати, над 50 повредени во пожар во болница во Хамбург е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top