Турската полиција приведе демонстранти на протест против НАТО во Анкара

Турската полиција приведе демонстранти на протест против НАТО во Анкара

пред 3 часа

Турската полиција утрово приведе дел од учесниците на протестот против НАТО во центарот на Анкара, каде за време на Самитот на Алијансата е воведена општа забрана за протести и се применуваат строги безбедносни мерки.

На снимка објавена од опозицискиот весник „Џумхуријет“ се гледа како полицајци им ставаат лисици на демонстрантите и ги внесуваат во полициски автобус во близина на паркот Куртулуш. Протестот бил блокиран на околу седум километри од местото каде се одржува Самитот.

Мала група демонстранти, меѓу кои и опозициски пратеници, се обидела да маршира со транспаренти, извикувајќи: „НАТО, оди си, оваа земја ни припаѓа нам“.

Во пресрет на Самитот на НАТО, стотици лица веќе биле приведени низ Турција, меѓу кои новинари, академици и членови на левичарски групи.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, одговарајќи на новинарско прашање за мерките на турските власти, го нагласи значењето на правото на протест.

Во Анкара се распоредени повеќе од 56.000 припадници на безбедносните сили. Улиците околу турската претседателска палата се оградени и затворени за сообраќај, а засилени се контролите и на патиштата кон аеродромот Есенбога.

Текстот Турската полиција приведе демонстранти на протест против НАТО во Анкара е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top