Турција предложи евакуација на ранетите борци скриени во фабриката за челик Азовстал во јужниот украински град Мариупол, изјави денеска портпаролот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Ибрахим Калин.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Во интервју за Ројтерс, Калин рече дека пред две недели во Киев лично разговарал за предлогот со украинскиот претседател Володимир Зеленски и дека ќе остане на маса, иако Москва не се согласува со тоа.
Според планот, луѓето евакуирани од фабриката ќе бидат транспортирани по копно до пристаништето Берџанск, кое исто како и Мариупол се наоѓа на Азовското Море, а турски брод ќе ги превезе преку Црното Море до Истанбул.
„ Ако тоа може да се направи на тој начин, со задоволство би го направиле тоа. Ние сме подготвени. Всушност, нашиот брод е подготвен да тргне и да пренесе повредени војници и други цивили во Турција“, рече Калин, кој е и советник за надворешна политика на Ердоган.
Украина и Русија се уште не ја коментираат оваа можност за евакуација.





