Туск: Поканата до Путин на самитот на Г20 во Мајами е погрешен сигнал за Москва

Туск: Поканата до Путин на самитот на Г20 во Мајами е погрешен сигнал за Москва

пред 18 часа

Поканата до рускиот претседател Владимир Путин на состанокот на Г20 во Мајами во декември би можела да ја охрабри Москва да продолжи со својата агресија врз Украина, изјави денес полскиот премиер Доналд Туск.

„Доколку поканата до Путин на Г20 би можела да нè приближи до одржливо решение за конфликтот, јас апсолутно би бил за тоа. Сепак – и тоа ми го кажуваат моите загрижености и искуство – во оваа фаза, Русија би можела да го сфати тоа како поттик да продолжи со својата агресивна политика. Се плашам од тоа“, рече Туск на прес-конференција, пренесува Ројтерс.

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека се надева дека Путин ќе ја прифати поканата и дека самитот на Г20 ќе обезбеди можност за контакт со американскиот претседател Доналд Трамп и другите светски лидери.

Кремљ денес објави дека Русија ќе ја разгледа оваа покана.

Текстот Туск: Поканата до Путин на самитот на Г20 во Мајами е погрешен сигнал за Москва е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top