Уапсен хрватски министер поради корупција – под истрага и други високи функционери

пред 3 години

Хрватската полиција утрово изврши претрес во домот на хрватскиот министер за градежништво, просторно планирање и државен имот, Дарко Хорват во Меѓумурје, по што го приведе. Хорват се товари за злоупотреба на службената должност и овластувања.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, се работи за истрага поради повеќемилионски незаконски дејствија. Истражните органи ја проверуваат вмешаноста на Хорват во злоупотребите за кои се сомничи неговата поранешна помошничка Ана Мандац која организирала државна помош за претприемачи од Министерството за економија, во времето кога го предводел Хорват.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ вели дека ДОРХ треба да ја информира јавноста што е толку итно при неговото апсење.

Заедно со Хорват, под истрага се и поранешниот министер за земјоделство Томислав Толушиќ и потпретседателот на Владата, Борис Милошевиќ. Според досегашните информации, тие се осомничени дека барале вработување преку врски и поради давање државна помош.

Share
Scroll to Top