Убиен српски државјанин во Чикаго

пред 4 години

Маж од Србија Н.М. беше убиен во предградието Бур Риџ во Чикаго, кога во него пукаше неидентификувано лице.

Во истиот момент во фирмата која била во сопственост на српски државјанин било пукано и во жена.

Престрелката се случила во просториите на компанијата, а за убиство е осомничен маж со афроамериканско потекло, кој наводно работел во фирма со Срби како возач на камион, пренесува порталот српски Тајмс.

Според овој портал, Србинот Н.М. починал на пат кон болница, додека жената е во болница и засега не се знае нејзината здравствена состојба.

Откако пукал во српските државјани, убиецот влегол во камион, по што се обидел да побегне од местото на настанот, но со помош на очевидци бил лоциран и набрзо бил опколен од полицијата.

Share
Scroll to Top