Украинската министерка Олга Стефанишина рече дека очекува Украина да добие кандидатски статус за ЕУ во јуни.
Украинската вицепремиерка задолжена за европска и евроатлантска интеграција посочи дека нејзината земја е подготвена брзо да продолжи со кандидатурата за членство во ЕУ.
????Ukraine received the EU membership questionnaire. We have already done much preparatory work, so ready to move fast.
Expect to be granted a candidate status in June.
It is part of our recovery & victory over RU aggressor who wants to reverse Ukraine’s democratic course pic.twitter.com/1rSiYC53Qc
— Olga Stefanishyna (@StefanishynaO) April 9, 2022
Нејзините изјави доаѓаат еден ден откако претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, вети брз одговор на барањето на Украина за членство во Унијата.
На заедничката прес-конференција со Зеленски, Фон дер Лаен му врачи на украинскиот претседател прашалник кој ќе биде почетна точка за одлука за членство.
„Тоа нема да биде, како обично, прашање на години, но мислам дека ќе биде прашање на недели“, рече таа.