Украина: Руси со дрон нападнаа пожарникари кои гаснеа пожар

Украина: Руси со дрон нападнаа пожарникари кои гаснеа пожар

пред 3 месеци

Украина соопшти дека руската војска фрлила експлозив врз противпожарно возило со дрон додека украинските пожарникари гаснеле пожар во Билозерка, Херсон.

„Поради непријателски напад избувна пожар во Билозерка. Додека се гаснеше, експлозивна направа беше фрлена од дрон врз противпожарна машина“, извести украинската државна служба за итни случаи.

Пожарникарите пред експлозијата успеале да стигнат на безбедно, па никој од нив не се здобил со повреди, се додава.

Во текот на денот, службите за итни случаи гаснеа 31 пожар предизвикан од руските бомбардирања, вклучително и станбени згради, комерцијални и нестанбени згради, како и автомобили и магацини, додаваат од службите за итни случаи.

Текстот Украина: Руси со дрон нападнаа пожарникари кои гаснеа пожар е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top