Украина тврди дека биле убиени 5.710 припадници на руските сили

пред 3 години

Генералштабот на украинската армија соопшти дека руските сили кои ја нападнале Украина изгубиле 5.710 војници, јавува Анадолија.

Генералштабот излезе со соопштение за загубите на руската страна во изминатите пет дена. Беше посочено дека загинале 5.710 руски војници кои ја нападнале Украина, а 200 биле заробени.

Во изминатите пет дена уништени се 29 руски авиони, 29 хеликоптери, 198 тенкови, 846 оклопни возила, 77 топови и два брода.

Украинската армија уништи и 24 ракетни системи, 305 возила, 60 тенкови, седум системи за противвоздушна одбрана и три беспилотни летала на руските сили.

Овие бројки не вклучуваат податоци за актуелните конфликти во земјата.

Share
Scroll to Top