Украина ја обвинува Русија за излевање гориво во Запорожје: „Не само што ја украдоа електраната, туку не се способни и да се грижат за неа“

Украина ја обвинува Русија за излевање гориво во Запорожје: „Не само што ја украдоа електраната, туку не се способни и да се грижат за неа“

пред 1 година

Украина ја обвини Русија дека е неспособна да управува со безбедноста во нуклеарната централа Запорожје по извештаите за излевање на гориво.

Портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи Хеорхи Тихи изјави дека Русија не само што ја украла електраната, туку и не е способна да се грижи за основната безбедност.

Тој вели дека излеаното гориво можело да ги напојува генераторите уште 25 дена.

Нуклеарната централа Запорожје, во сопственост на Русија, е најголемата нуклеарна централа во Европа и се наоѓа во јужна Украина.

Електраната беше преземена од Русите во март 2022 година. Оттогаш Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за напади врз централата, поради што Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), тело на ОН, често изразува загриженост за можноста од нуклеарна катастрофа.

Текстот Украина ја обвинува Русија за излевање гориво во Запорожје: „Не само што ја украдоа електраната, туку не се способни и да се грижат за неа“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top