Гувернерот на регионот Суми, Дмитро Живицки, објави на телеграм дека руските сили се повлекле од градот во североисточна Украина.
Тој рече дека украинската армија презела целосна контрола. Сепак, тој ги предупреди жителите да не се враќаат додека не биде безбедно, бидејќи Украинците ја деминираат областа.
На овој простор се водеа жестоки борби, а Русите при напуштањето на градот оставија голем број мини и експлозиви.
– Областа е слободна, па ако слушнете експлозии (а имаше многу последниве денови) – тоа се спасувачи и експлозиви. Ги неутрализираат мините што руската армија ги остави на нашата земја – напиша Живицки.