Уставниот суд одлучи: Илир Мета останува претседател на Албанија

пред 3 години

Илир Мета останува претседател на Албанија, откако Уставниот суд ја поништи одлуката на собранието за разрешување на шефот на државата поради поттикнување насилство и кршење на Уставот, објави денеска „Ројтерс“.

Од 140 пратеници во албанското собрание, 104, главно од владејачката Социјалистичка партија на премиерот Еди Рама, гласаа во јуни минатата година за разрешување на Мета, но се чекаше конечната одлука на Уставниот суд.

Судот во средата одлучи дека нема прекршување на Уставот и дека Мета може да остане на функцијата до крајот на мандатот, во јули, кога парламентот ќе избере нов претседател.

Share
Scroll to Top