Директорот на aмериканскиот Национален институт за алергии и инфективни болести, Ентони Фаучи, денеска изјави дека работи 18 часа на ден, седум дена во неделата.
„Немам ниту еден слободен ден од средината на јануари годинава“, изјави Фаучи за Си-ен-ен.
Фаучи денес го слави својот 80-ти роденден, но вели дека ќе ја прекине традицијата и дека нема да го помине со неговите три ќерки.
„Дефинитивно се чувствувам тажно“, рече Фаучи.
„Ова е прв Божиќ и роденден што нема да ги поминам со моите ќерки откако се родени“, потенцира тој.
Да се надеваме дека следната година, во ова време, ќе имаме прослава со многу прегратки, што не можеме да го направиме во моментов, додаде Фаучи.