„Фајзер“: Ќе испорачаме дополнителни 100 милиони вакцини за членките на ЕУ

пред 4 години

„Фајзер“ и „Бионтек“ денеска објавија дека годинава ќе испорачаат дополнителни 100 милиони дози вакцина против Ковид-19 за земјите членки на ЕУ.

Договорот следуваше по одлуката на Европската комисија за активирање на можноста за купување дополнителни 100 милиони дози според договорот потпишан на 17 февруари. Тоа значи дека вкупниот број на дози што ќе бидат доставени до Европската Унија ќе биде 600 милиони. Вакцината ќе се произведува во фабриките во Европа.

Компаниите соопштија дека планираат да достават 250 милиони дози на Европската Унија во вториот квартал на оваа година, четири пати повеќе од количината договорена за првиот квартал.

„Дополнителни 100 милиони дози ќе помогнат во забрзувањето на вакцинацијата во ЕУ. Сега имаме намера да и испорачаме вкупно 600 милиони дози на ЕУ оваа година, опфаќајќи две третини од популацијата на Унијата и тоа е најголемиот договор за купување на вакцина „комирнати“ што некогаш сме го потпишале во светот“, рече Шон Марет, директорот на „Бионтек“.

Share
Scroll to Top