Фицо ја обвинува Фон дер Лајен за заговор со Зеленски

Фицо ја обвинува Фон дер Лајен за заговор со Зеленски

пред 4 часа

Словачкиот премиер Роберт Фицо ја обвини претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, дека е во заговор со Владимир Зеленски во врска со нафтоводот „Дружба“, пренесуваат медиумите.

„Госпоѓо претседателке на Европската комисија, ве прашувам многу сериозно: дали вие, целата Европска комисија, сте толку неспособни? Дали никој веќе не ве сфаќа сериозно што не можете да се согласите ниту за инспекција на три или четири лица кои би отишле да го исконтролираат овој нафтовод? Или го правите тоа намерно, во договор со Зеленски? Убеден сум дека сте постигнале договор“, рече Фицо на прес-конференцијата.

Фицо истакна дека не верува дека Европската комисија нема инструменти да влијае врз Зеленски да го реши прашањето на нафотводот.

Во саботата, тој се закани дека ќе ги блокира новите санкции против Русија поради нафтоводот „Дружба“. Според него, ако нафтоводот работеше, „немаше да има проблеми со високите цени на горивата“.

На 27 јануари, Украина го суспендираше транзитот на руска нафта преку нафтоводот „Дружба“ низ украинска територија до Словачка и Унгарија, наведувајќи наводна штета на нафтоводот.

Текстот Фицо ја обвинува Фон дер Лајен за заговор со Зеленски е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top