Европската Унија нема да дозволи одлуката на САД да воведат царини од 25 отсто за увоз на челик да остане без одговор, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
„Длабоко жалам за одлуката на САД да воведат царини за европскиот извоз на челик и алуминиум“, рече фон дер Лајен во објавата на мрежата X.
ЕУ, според неа, ќе дејствува за да ги заштити своите економски интереси, работниците, работодавците и потрошувачите.
Текстот Фон дер Лајен: Неоправданите американски царини нема да поминат без одговор на ЕУ е превземен од МАКФАКС.






