(Фото) Американците уништија свои два авиони во операцијата за спасување на пилотот

(Фото) Американците уништија свои два авиони во операцијата за спасување на пилотот

пред 7 часа

Операцијата за спасување на американскиот пилот на соборениот авион Ф-15 во Иран била исклучително сложена и вклучувала стотици припадници на специјалните сили, како и десетици авиони и хеликоптери, пренесува Би-Би-Си.

Најголема спасувачка мисија во последните години
Аналитичарот на Би-Би-Си, Крис Партриџ, наведува дека станува збор за една од најголемите операции за потрага и спасување во последните години, во која биле впрегнати значителни воени ресурси.

Повредениот пилот избегнувал заробување
Според наводите, офицерот за вооружување, кој се наоѓа на второто седиште во авионот Ф-15Е Страјк Игл, бил повреден при катапултирањето над јужен Иран. И покрај повредите, тој успеал да се движи и избегнал заробување, вооружен само со пиштол.

Ова е прво соборување на Ф-15Е во борба по повеќе од 20 години.

Директен судир со иранските сили
Американските сили отвориле оган за да го спречат приближувањето на иранските единици до местото каде што се наоѓал пилотот. Според достапните информации, во текот на операцијата дошло и до директна размена на оган со иранските сили.

Уништени сопствени летала
Би-Би-Си наведува дека два од петте американски транспортни авиони користени во операцијата не успеале да полетаат од Иран. За да не паднат во рацете на непријателот, американските сили самите ги уништиле на теренот.

Текстот (Фото) Американците уништија свои два авиони во операцијата за спасување на пилотот е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top