(Фото+видео) 250 милиони пчели излетаа откако камион што превезува кошници се преврте во САД

(Фото+видео) 250 милиони пчели излетаа откако камион што превезува кошници се преврте во САД

пред 11 месеци

Околу 250 милиони пчели „избегаа“ откако камион што превезуваше повеќе од 30 тони кошници се преврте во северната држава Вашингтон.

Причината за превртувањето на камионот засега е непозната.

Од безбедносни причини, патот по кој се движел камионот е затворен за да им се даде време на пчелите да се вратат во кошниците и да ја пронајдат матицата.

На јавноста ѝ е препорачано да ја избегнува областа.

„Иако не постои општа опасност по здравјето, препорачуваме луѓето алергични на убоди од пчели да добијат информации преку веб-страницата на државното Министерство за здравство“, се вели во соопштението од канцеларијата на шерифот.

Повеќе од 20 пчелари учествуваа во спасувањето на пчелите, а кошниците беа собрани, поправени и вратени во употреба.

Надлежните објавија дека се очекува поголемиот дел од пчелите наскоро да се вратат во кошниците, а властите одговорни за нивната испорака се одговорни за понатамошното управување.

Текстот (Фото+видео) 250 милиони пчели излетаа откако камион што превезува кошници се преврте во САД е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top