Франција заплени руски брод

пред 3 години

Француската поморска полиција рано утринава заплени брод во каналот Ла Манш кој, според француските власти, би можел да припаѓа на руска компанија осомничена дека ги прекршила трговските санкции поврзани со војната во Украина.

Бродот бил пренасочен кон француското пристаниште Булоњ-сур-Мер помеѓу 3 и 4 часот наутро, изјави Вероник Мањин од Француската поморска префектура, додавајќи дека царинските службеници вршат проверки.

„Руски товарен брод долг 127 метри наречен ‘Балтик лидер’ кој превезувал автомобили бил пресретнат од француската морнарица во текот на ноќта во Каналот и придружуван до пристаништето Булоњ-сур-Мер во северна Франција“, рече официјален претставник.

Руската амбасада во Франција побарала објаснување од француските власти поради запленувањето на рускиот товарен брод, пренесе руската новинска агенција РИА.

Share
Scroll to Top