Франција распореди нова верзија на интерконтинентални ракети на подморници за нуклеарно одвраќање

Франција распореди нова верзија на интерконтинентални ракети на подморници за нуклеарно одвраќање

пред 10 часа

Франција распореди нова верзија на интерконтинентални ракети на подморници, за таканаречено нуклеарно одвраќање, објавија денес Министерството за вооружени сили и ArianeGroup.

„Третата верзија на стратешката балистичка ракета M51 (M51.3), која е лансирана од морето, влезе во оперативна употреба, што претставува голем чекор во модернизацијата на океанската компонента на француското нуклеарно одвраќање“, се вели во соопштението на министерството.

Таа ракета е опремена со нови нуклеарни боеви глави (TNO-2).

Со ова пуштање во употреба, завршува речиси 12-годишниот процес на модернизација.

„Таа ракета е поефикасна во однос на дострелот, прецизноста и способноста за пенетрација“, се додава во соопштението.

Тие ќе бидат распоредени на сите четири француски подморници со балистички ракети, од кои барем едната е сè уште скриена на дното на океанот.

Фото: принтскрин

Текстот Франција распореди нова верзија на интерконтинентални ракети на подморници за нуклеарно одвраќање е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top