Франција ќе ја зголеми безбедноста околу црквите во Божиќ поради можни напади, пишува ДПА.
Полицијата и жандармеријата ќе бидат видливо распоредени пред црквите за да ги заштитат верниците за време на прославата на Божиќ во недела навечер и понеделник наутро, напиша францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин на „Икс“.
Дарманин претходно ги повика префектите да бидат многу внимателни за време на празничниот период. Од смртоносниот исламистички напад врз учител во октомври, Франција е на највисоко ниво на закана од тероризам.
Неодамна во петокот пет лица беа приведени во антитерористичка операција на истокот на земјата. Во Германија вчера беа зголемени безбедносните мерки во катедралата во Келн поради индиции за можен план за напад на исламистичка група.
Текстот Франција ја зголемува безбедноста во црквите за време на празниците, стравува од напади е превземен од МАКФАКС.