Некој ги хакирал официјалните профили на Твитер и Јутјуб на британската армија. Од британската армија ја потврдија оваа информација и додадоа дека случајот го сфатиле крајно сериозно и истражуваат.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Хакери го преименувале Твитер профилот на британската армија во „Бапескан“, а за профилната слика ставиле цртан мајмун, пишува „Гардијан“.
Беше објавено дека каналот на британската армија на Јутјуб е заменет со профил наречен Ark Invest и нејзиното лого. Сметката промовираше наводно интервју со милијардерот Илон Маск за криптовалутите. Арк Инвест е глобална инвестициска компанија.