Откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нареди нови воздушни напади врз Појасот Газа поради, како што рече, кршење на прекинот на огнот од страна на Хамас, се појавија нови компликации во спроведувањето на договореното примирје, пишува Ал Џезира.
Бригадите Касам, военото крило на Хамас, објавија дека ќе го одложат предавањето на телото на израелски затвореник, кое беше пронајдено порано денес, „поради прекршувања“ од страна на Израел. Во соопштението се нагласува дека секоја израелска ескалација „ќе се меша во операциите за пребарување, копање и пронаоѓање, што ќе доведе до одложувања во пронаоѓањето на телата“ на мртвите затвореници, пишува Ал Џезира.
Израел претходно објави напади од Хамас врз неговите сили во јужна Газа, додека Хамас врати сет останки за кои Израел тврдеше дека му припаѓале на претходно спасен заложник.
Доцнењето во предавањето на телата, според написите, дополнително ги комплицира планираните следни фази од примирјето, вклучувајќи го разоружувањето на Хамас, распоредувањето на меѓународните безбедносни сили во Газа и договорот за управување со територијата. Хамас тврди дека има проблеми со пронаоѓањето на телата поради масовното уништување во Газа, додека Израел ја обвинува групата за намерно одложување.
Текстот Хамас го одложи предавањето на телата на заложниците поради кршење на прекинот на огнот е превземен од МАКФАКС.






