„ Тоа е мојот син, го познав по кошулата“: Ископани масовни гробници во Газа

Хамас: Одговор за предлогот за примирје и ослободување на заложниците веројатно утре

пред 2 години

Водачите на Хамас вечерва рекоа дека го проучуваат предлогот за примирје и ослободување на заложниците што им го претставија египетските посредници и велат дека се надеваат оти ќе го испратат својот одговор до утре, се вели во соопштението на палестинската милитантна група испратена до „Асошиејтед прес“.

Тековната рунда разговори за примирје меѓу Израел и Хамас изгледаат сериозни, но страните се во несогласување за едно клучно прашање – дали војната треба да заврши како дел од договорот, објави „Тајмс оф Израел“.

„Многу веројатно утре, односно четврток, ако даде Господ, посредниците ќе добијат одговор“, соопшти Хамас.

Преговорите меѓу Хамас и Израел, преку посредници како САД, Катар и Египет, траат со недели, а по Париз се водат нови рунди разговори во Каиро.

Текстот Хамас: Одговор за предлогот за примирје и ослободување на заложниците веројатно утре е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top