Хезболах: Договорот за прекин на огнот со Израел мора бргу да ги прекине борбите

Хезболах: Договорот за прекин на огнот со Израел мора бргу да ги прекине борбите

пред 1 ден

Официјален претставник на либанскиот Хезболах, Махмуд Кмати, денеска изјави дека секој договор за прекин на огнот со Израел, со посредство на САД, мора брзо да ги прекине борбите и да го зачува суверенитетот на Либан.

Изјавата на Кмати се смета за одговор на позицијата на Израел дека ќе продолжи со нападите врз Хезболах дури и во случај на прекин на огнот, посочува Ројтерс.

Во интервју за телевизијата Хезболах, Кмати истакна дека не е ниту преголем оптимист ниту претерано песимист за можностите за постигнување примирје, пренесува Танјуг.

Текстот Хезболах: Договорот за прекин на огнот со Израел мора бргу да ги прекине борбите е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top