Претседателот на САД, Доналд Трамп, го пофали Израел како голем сојузник, истовремено критикувајќи други, неименувани земји. Во објава на „Трут Соушл“, тој го опиша Израел како „храбар, одважен, лојален и паметен“ сојузник.
Додаде дека Израел по тоа јасно се разликува од „другите кои во момент на конфликт и притисок го покажаа своето вистинско лице“. Порача и дека Израел „жестоко војува“ и „знае како да победи“.
Иако не наведе конкретна држава, Трамп во повеќе наврати ги напаѓаше традиционалните американски сојузници. Вчера, во објава ја посочи Шпанија, чиј премиер Педро Санчез е меѓу погласните критичари на војната со Иран.
Тој напиша дека „финансиските показатели“ на Шпанија се „апсолутно ужасни“. Трамп претходно остро ја критикуваше и британската војска, како и премиерот Кир Стармер, за кого рече дека „не е Винстон Черчил“.
Фото: Depositphotos
Текстот „Храбар и лојален сојузник“: Трамп го фали Израел, а индиректно ги напаѓа другите партнери е превземен од МАКФАКС.





