Хрватска од петок ги олеснува мерките, ќе бидат дозволени и свадби

пред 3 години

Поради поволната епидемиолошка состојба, одлуката за олеснување на мерките против коронавирус во Хрватска ќе стапи на сила в петок.

Хрватските медиуми пишуваат дека ќе бидат можни свадби до 120 лица, под услов лицето да има негативен резултат или да преболело коронавирус во последните шест месеци или да е вакцинирано со две дози.

Ограничувањето за собирање луѓе е зголемено од 25 на 100 лица. Отворена е можноста за работа на рестораните во затворени простории и укинато е ограничувањето поврзано со погреби.

Собирите и свеченостите можат да работат до 23 часот, нема да има ограничување на бројот на луѓе на погреби, но забрането е да се изразува сочувство преку близок контакт.

Пекарниците ќе можат да работат до 23 часот, а работното време на угостителските објекти ќе биде од 6 до 23 часот. Објектите што имаат минимално решение за послужување храна е дозволено да се служат во затворено, а тоа се ресторани, барови, пабови …

Кафулињата можат да работат на отворено, а казината и клубовите со автомати можат да работат до 23 часот. Можно е да се одржуваат работилници за деца во затворено, а останува забраната за тренинг во училишните сали.

Share
Scroll to Top