Хуманитарна катастрофа во Мариупол

пред 3 години

Мариупол со денови е под опсада и жестоко бомбардирање. Се проценува дека повеќе од 30.000 луѓе веќе го напуштиле градот.

Уште 13 автобуси со околу 300 бегалци пристигнаа преку границата во руската област Ростовска, објавија руските медиуми.

Мариупол доживува хуманитарна катастрофа, луѓето се без храна, вода, струја и други клучни работи.

Вчера Русите, велат Украинците, нападнале театар во кој биле засолнети повеќе од 1.200 цивили.

Во градот досега се убиени најмалку 2.400 цивили, соопштија украинските власти.

Share
Scroll to Top