Силен земјотрес ја погоди Кина

„Цела куќа се тресеше, ме разбуди од цврст сон“: Силен земјотрес во Америка

пред 11 месеци

Силен земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Оклахома, јавува EMСЦ.

Земјотресот е регистриран во 5:36 часот по локално време, на 24 километри северно од Оклахома Сити, на длабочина од шест километри.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Сепак, жителите на Оклахома велат дека ги разбудил земјотресот, додека некои пријавиле дека им се тресела целата куќа.

„Посилен од 4.2 што беше неколку часа порано, ме разбуди од цврст сон“, „Целата куќа се тресеше, траеше околу две секунди“, се само дел од сведочењата на луѓето на веб-страницата на ЕМСЦ.

Текстот „Цела куќа се тресеше, ме разбуди од цврст сон“: Силен земјотрес во Америка е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top