Цените на нафтата се искачија на 112 долари за барел

Цените на нафтата се искачија на 112 долари за барел

пред 3 часа

Цените на нафтата се искачија на 112 долари за барел откако иранските медиуми објавија воздушен напад што погоди објект на најголемото поле за природен гас во светот.

Референтната цена на суровата нафта Брент достигна 112 долари за барел рано наутро во Азија, што е повеќе од 5 проценти повисоко од цената во вторникот, објавува Би-Би-Си.

Наглиот пораст следеше по извештаите дека иранскиот петрохемиски комплекс на гасното поле Јужен Парс бил погоден.

Неколку часа подоцна, Катар објави дека е предизвикана голема штета на индустриското место Рас Лафан по заканите од Иран.

Иако цената и на нафтата и на гасот нагло порасна, таа остана под максимумот забележан претходно за време на конфликтот, според Би-Би-Си и потсетува дека нафтата достигна цена од 116,78 долари за барел на 9 март.

Иранското министерство за нафта соопшти дека пожарот во петрохемискиот комплекс е под контрола, објави „Тасним“, новинска агенција поврзана со Корпусот на исламската револуционерна гарда.

 

фото/Depositphotos

Текстот Цените на нафтата се искачија на 112 долари за барел е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top