Црна Гора складира храна и гориво

пред 5 години

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ остро ја осуди руската агресија врз Украина, додека владата на земјата обезбедува резерви на храна и гориво.

Ѓукановиќ рече дека Русија ги крши сите основни принципи на меѓународното право, ја поткопува европската безбедност и ја загрозува нејзината стабилност.

Црногорското Министерство за надворешни работи исто така ја повика Русија да ги повлече своите војници и да го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

 

Во исто време, црногорските медиуми објавија дека владата во Подгорица обезбедила залихи на храна за три месеци и снабдување со гориво за два месеца поради настаните во Украина.

„Сите трговски ланци имаат доволно залихи на храна и граѓаните можат да бидат целосно спокојни. Ова е направено поради нарушувањето на меѓународниот пазар, кое е поврзано со ситуацијата во односите меѓу Русија и Украина“, изјавил извор од црногорската влада.

Share
Scroll to Top