Четворица загинати во невремето кое ја зафати Полска

пред 3 години

Четири лица ги загубија животите, а 18 се повредени во невремето што ја зафати Полска во четвртокот вечерта, проследено со силен урагански ветер, оставајќи зад себе материјална штета и уништени дрвја на западот и центарот на земјата, соопштија властите.

Пожарникарите пријавиле повеќе од 10.000 интервенции и 930 оштетени згради, јавија медиумите, додавајќи дека најлоши биле провинцијата Лубуш на запад и Лоѓ во центарот.

„Невремето беше страшно, го скрши лимот од покривот и го фрли од едната страна на куќата на другата“, изјави жител, чија куќа во Машковице во центарот на земјата беше оштетена.

Во Вроцлав, на југозападот на земјата, полицијата извести дека две лица загинале кога дрво удрило во нивниот автомобил.

„Полицијата во Вроцлав доби информација дека дрво паднало врз автомобил во движење“, рече полицаецот Павел Нога.

„За жал, од местото на настанот е потврдено дека две лица во автомобилот загинале“, додаде тој.

Полската метеоролошка служба издаде предупредување поради невреме, а најсилен ветер се очекува во северна Полска.

Share
Scroll to Top