Шведска на 15 мај ќе донесе одлука за НАТО

пред 3 години

Шведските социјалдемократи кои се на власт во таа земја, на 15 мај ќе одлучат дали ќе ја сменат децениската позиција на спротивставување на членството во НАТО.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„ Сè уште не е одлучено каква одлука ќе биде донесена. Нашата порака е дека раководството на партијата ќе заземе став на 15 мај“, изјави секретарот на Социјалдемократската партија Тобијас Баудин за шведскиот јавен радио сервис.

Руската инвазија на Украина предизвика итен преглед на безбедносната политика и во Шведска и во Финска. Се очекува оваа недела и финскиот претседател Саули Нинисто да објави дека го поддржува пристапот на Финска во НАТО.

Обраќањето на Нинистo може да предизвика неколку интензивни недели во кои може да се смени картата на безбедносната архитектура на северна Европа.

Ова преиспитување и промена на ставот за членството на Шведска во НАТО речиси сигурно води кон пристапување на земјата во Северноатлантската алијанса, оценува „Ројтерс“.

Share
Scroll to Top