Шест деца во Франција примиле погрешна доза од вакцина против коронавирус

пред 3 години

Во Центарот за вакцинација „Ле Ман“ во Франција, шест деца на возраст меѓу пет и единаесет години случајно примиле погрешна доза на вакцина против коронавирус.

Во соопштението на Регионалната здравствена агенција се вели дека шест деца биле вакцинирани во Центарот за вакцинација во „Ле Ман“.

Примиле различни вакцини и различни дози од потребните, пренесуваат француските медиуми.

Во соопштението се наведува дека децата примиле поголема количина на вакцина од пропишаната.

Се наведува дека откако била забележана грешката, семејствата на децата биле информирани за можните нуспојави како треска и болки.

Share
Scroll to Top