Шефовите на дипломатиите на три балтички земји се во карантин

пред 3 години

Министрите за надворешни работи на три балтички земји од денес се во карантин, откако нивниот словенечки колега Анже Логар е позитивен на коронавирусот.

Логар ја заврши својата турнеја низ балтичките држави во четвртокот, а доби позитивен тест на Ковид-19 во петокот.

За време на турнејата тој се сретна со неговиот колега Едгарс Ринкевичиус во Летонија, Урмас Реинсалу во Естонија и Линас Линкевичиус во Литванија.

Полскиот претседател Анджеј Дуда истотака е позитивен, само неколку дена по враќањето од посетата на Естонија.

Share
Scroll to Top